Шекеринска: Сојузници се понудија за помош, засега нема барања од институциите

Радмила Шекеринска
Радмила Шекеринска / Фото: Министерство за одбрана

Премиерот Зоран Заев и министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, кои беа на местото на сообраќајната несреќа, на седница на Влада ќе ги пренесат дополнителните информации кои беа на располагање, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека Владата денеска ќе дискутира и ќе информира за следните чекори.

Посочи дека сојузници од НАТО се понудиле за помош, но до овој момент, рече, нема побарувања од институции од земјава или од Бугарија.

– Ова утро добив неколку пораки за поддршка од страна на сојузниците, особено од соседството, кои се понудија за помош. До овој момент ниту од нашите институции, ниту од бугарските институции нема некои побарувања. Она што ќе биде клучно е брзо да се констатира од тамошните истражни органи што довело до несреќата. Но, дефинитивно, гледаме дека еден момент е доволен за да се случи една таква голема трагедија, изјави Шекеринска за медиуми по конференцијата Наука за развој, Заедно е возможно” .

Таа изрази сочувство до семејствата на загинатите.

– Толку многу загуба, толку многу човечки животи. Навистина е тешко да се зборува на други теми, рече Шекеринска, додавајќи дека настанот на кој учествуваат и сите што денеска се организираат се во сенка на трагедијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот