Шекеринска: Нашиот потполковник позитивен на коронавирус од мисијата на ЕУ во ЦАР се враќа на лекување дома, вечерва пристига на Инфективната клиника

Радмила Шекеринска / Фото: МИА

Министерката Шекеринска денеска во изјава за медиумите информираше дека започна медицинската евакуација на потполковникот на Армијата што учествува во европската мисија во Централноафриканската Република, откако беше тестиран позитивен за коронавирус. Изјавата на министерката Шекеринска ви ја пренесуваме во целост:

„Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој што учествува во европската мисија во Централноафриканската Република, минатата недела беше тестиран за позитивен на корона вирусот, и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во рамките на ЕУ мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома во Скопје, претпоставувам доцна вечерта. Оваа медицинска евакуација ја направивме во соработка со европските служби за надворешни односи и сакам да им се заблагодарам на сите институции домашни и европски кои што ја помогнаа. Потполковникот е во добра состојба, ова утро се чув и со членовите на неговото семејство, и навистина очекувам се да помине во најдобар ред. Но покажавме дека се грижиме за нашите припадници дури и при мали шанси за проблем.

Шекеринска уверува дека одлуката е донесена релативно брзо, меѓутоа она што е најважно е дека има одлична соработка и со нашите здравствени власти и со европските институции.

-Очекувам веднаш по овој медицински транспорт кој не е едноставен нашиот колега, потполковникот веднаш да биде испратен на Инфективната клиника за да се следи состојбата. Клучната причина зошто се одлучивме сепак за евакуацеија е фактот дека во ЦАР во рамките на ЕУ мисијата исклучиво функционира ROLE 2 болница, која нема шанси да пружи целосна помош доколку неговата состојба се влошеше. И рековме подобро да спречиме отколку да се занимаваме со последиците” изјави министерката Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот