Шекеринска: Членството во НАТО и подобрите услови во Армијата беа инвестиција на два фронта

Сите плати пораснаа повеќе од педесет проценти, обезбедивме нови униформи и чизми одеднаш, што не се случило ниту еднаш во историјата на нашата Армија. Обезбедивме прва модернизација со оклопни возила и со инженериски машини, а Министерството го направивме најтранспарентна институција во целата држава. Изминатиот период инвестиравме во два фронта во Армијата – едниот беше членството во НАТО, вториот беше подобрувањето на условите за работа и живот во Армијата, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска од кичевската касарна „Чеде Филиповски – Даме”.

– Нашата Армија е Армија на сите граѓани и граѓанки на државата и затоа и таа треба да ја земе предвид еднаквоста помеѓу мажите и жените. Задоволство ми е што во изминативе години сериозно го зголемивме бројот на жени – офицери. Три пати порасна бројот на полковници, односно полковнички во Армијата и го зголемивме и бројот на девојки кои што се запишуваат на Воената академија – рече Шекеринска.

Според неа, тоа значи создавање на подмладок кој што ќе биде навистина НАТО подмладок и додаде дека како резултат на таа инвестиција, една наша питомка беше наградена како најдобар странски питомец на Воената академија во Австрија.

-Во жените вреди да се инвестира, во жените вреди да се инвестира и во Армијата. На денешната средба потврдивме дека како држава членка на НАТО имаме многу што да понудиме. За прв пат го правиме дополнителниот план за оваа родова перспектива и во Армијата, и во одбраната и ќе имаме со што да се пофалиме и пред нашите припаднички и пред нашите граѓани и граѓанки, но и пред НАТО, заклучи министерката Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот