Шахпаска со претставници од Здружение за сексуални и родови малцинства „Субверзивен фронт”

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Здружението за сексуални и родови малцинства „Субверзивен фронт”од Скопје.

На средбата се разговараше за тековните и идни планови и активности на здружението во насока на понатамошна надградба на системот за поддршка и заштита на правата на лицата од ЛГБТ заедницата.

Министерството за труд и социјална политика интензивно соработува со граѓанскиот сектор по сите прашања кои се во интерес на граѓаните и ја продолжува добрата практика на транспарентно и партнерско работење.  

Министерката Шахпаска го посочи носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој претходно беше позитивно оценет и од невладиниот сектор од исклучително значење за сите граѓани.

-Овој Закон ги дефинира основите на дискриминација, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, во согласност со меѓународните стандарди и европската регулатива. Како Министерство остануваме посветени на борбата против дискриминацијата и  еднакви права и слободи за сите граѓани- истакна Шахпаска.

Во соработка со МТСП и Советот на Европа, во 2020 година Здружението “Субверзивен фронт” ја отвори првата национална СОС линија за поддршка на ЛГБТИ лица, чијашто цел е да се обезбеди сигурна, анонимна, и доверлива атмосфера, каде што лицата од ЛГБТИ заедницата можат да разговараат за различни предизвици и грижи, вклучувајќи ја сексуалната ориентација и родовиот идентитет со што  се придонесува  кон намалување на насилството кон припадниците на оваа заедница.

Министерката Шахпаска уште еднаш ја искажа нејзината поддршка и уверување дека натамошните заложби на ресорот кој го раководи ќе бидат на иста линија со потребите и интересите на ЛГБТ заедницата со цел обезбедување правда, слобода и еднаквост на сексуалните и родови малцинства како составен дел од нашето општество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот