Шахпаска: Негласањето носи ризик да изгубиме се што постигнаме заедно

Затоа, да не си играме со сопствената иднина, порача Јагода Шахпаска, носителка на коалицијата „Можеме” во ИЕ 3, на последниот ден од изборната кампања.

На 15 јули излези и гласај. Заокружи го бројот 3. За уште повеќе успеси и уште подобра иднина на нас, нашите деца, нашата татковина. Во спротивно, седењето дома и неизлегувањето на гласање, значи и не учествување во носењето на големи и важни одлуки. Негласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно. Затоа, да не си играме со сопствената иднина, порача Јагода Шахпаска, носителка на коалицијата „Можеме” во ИЕ 3, на последниот ден од изборната кампања.
Таа нагласи дека во изминатите три години се донесени големи и историски одлуки и решени се децениски прашања.
– Работевме посветено и на надворешните релации и политики, но работевме посветено и на домашната економија и политики. И секогаш исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Затоа денеска горди на сработеното, имаме образ да ја побараме уште еднаш вашата доверба, рече Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот