Вардар 1961 по втор триумф против европскиот вицешампион Алборг

Вардар против Пик Сегед ќе се обиде да ја прекине серијата од три порази/Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денеска од 18.45 часот во Данска екипата на Вардар 1961 ќе го игра петтиот натпревар од Лигата на шампионите сезонава, а ривал е составот на Алборг. Потсетување дека во првиот меѓусебен меч одигра во Скопје, „црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ славеа со 30:28.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ пред мечот изјави дека овој дуел ќе биде поразличен од оној во главниот град, а против Алборг во тимот нема да биде голманот Борко Ристовски поради здравствени причини.

Поразот во минатото коло дома од францускиот Монпелје играчите на Вардар го дефинираа како „шлаканица“ добредојдена во прав момент, па сега останува да се види дали сега уште посериозно и помудро македонскиот шампион ќе им пристапи на дуелите во ЛШ.

Составот на Вардар 1961 за денешната средба против Алборг: Стоилов, О. Њокас, Валчак, Моралес, Георгиевски, К. Њокас, Томовски, Диало, Чувара, Тото, Гаџа, Талески, Дибиров, Ѓукиќ, Кудуз, Сафар.

Лига на шампиони 2021/2022

Група „А“

5. коло, двојки –

18.45 часот Алборг – Вардар 1961
18.45 часот Елверум – ППД Загреб
18.45 часот Кил – Пик Сегед
20.45 часот Монпелје – Мешков Брест

Табела: Алборг 6 бодови, Кил 6, Пик Сегед 5, Монпелје 5, Вардар 5, Елверум 4, ППД Загреб 1, Мешков Брест 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот