Сестрата на Ксенија Пајчин не е веќе дете! Миа порасна и сега сите зборуваат дека е „бомба“ (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Српската пејачка Ксенија Пајчин трагично настрада на 16 март 2010 година кога тогаш ја уби нејзиното момче, Филип Каписода, кој потоа и сам си пресуди.

Убавата Ксенија позади себе ги остави родителите, сестрата, пријателите, песните и бројни спомени по кои ќе се памети. За нејзината млада сестра Миа се пишувало повеќе пати.

– Ксенија беше многу енергична личност која можеше се да направи. Имаше цврст став, беше во свој стил. Беше бунотвна, своја и едниствена добри и убава – рекла Миа во една прилика.

Миа денеска е вистинска убавица која потсетува на Ксенија. Она што се забележува, е дека е природно убава, згодна и многу друштвена.

Фото: Инстаграм

– Многу ја сакав и се восхитував. Сакам да продолжам таму каде таа застана, само во друга професија. Таа одлично глумеше во своите спотови, а јас сакам да станам позната актерка. Покрај тоа, би сакала да се занимавам со мода – тоа ме интересира многу. Не се плашам од естрадата. Сепак, некогаш ме фаќа страв да не завршам и јас така. Меѓутоа, добро размислувам и секогаш гледам да нема никакви последици. Тоа го кажувам бидејќи моментално не ми се допаѓа како стојат работите на естрадата – изјавила неодамна Миа.

Фото: Инстаграм

– Барем еден момент вечност да биде…. Секој ден се повеќе недостигаш. Но, ти би кажала – Ксенија е тука – напишаал Миа на трети декември 2018 година, кога Ксенија би наполнила 41 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот