Семејно насилство во неготинско Пепелиште: Лишен од слобода по напад на сопругата

Фото: Profimedia

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека жител на неготинското село Пепелиште ја нападнал сопругата со остар предмет, при што бил лишен од слобода.

– Утрово околу 05 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот во село Пепелиште, Неготинско, Џ.А. (43) со остар предмет ја нападнал неговата сопруга Е.А. (35) и заминал од домот. На местото на настанот бил извршен увид, а по преземени мерки  полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Џ.А, информира Додевски.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот