Семејна трагедија во Бања Лука: По мајката и таткото и синот почина од коронавирус

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Овој тажен пример најдобро покажува колку е опасен Ковид -19.

Трет смртен  во едно семејство како последица од коронавирусот е забележан во Бања Лука, потврдија денеска властите во овој град кој е најтешко погоден во епидемијата во БиХ.

-Маж на возраст од 51 година синоќа починал од коронавирус во Бања Лука, а изминатите две недели како последица на истиот вирус починаа и неговата мајка и татко, соопшти градоначаникот Игор Радојчиќ.

Овој тажен пример најдобро покажува колку е опасен Ковид -19, рече Радојчиќ и ги повика граѓаните да бидат внимателни и да ги избегнуваат собирањата за да се смали можноста од ширење на заразата и нови смртни случаи.

-Секогаш кога ќе помислите да одите на некое собирање, не заборавајте на сите мерки и препораки и сетете се дека некој може да заболи па и да почине, предупреди тој.

На подрачјето на Бања Лука од коронавирус се заразени над 250 лица, а 1.646 се во домашна изолација. Тој број е значително помал од претходните денови кога во изолација беа 3.000 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот