Селмани: Да не дозволиме граѓаните да одат во приватни установи да трошат илјадници евра како да заминале во Лас Вегас

Државата, министерот за здравство и Владата под итно, храбро и бескомпромисно да ги стави на располагање сите здравствени капацитети за лекување на ковид на пациенти, да ги одреди цените за лекување и за тестирање во приватните здравствени установи, изјави поранешниот министер за здравство, Имер Селмани во гостувањето на „Студио 10“ на Телевизија 24.

Според него, требаше поенергично да се стават капацитетите под една команда.

Наместо министерот за преговара со сопствениците на приватните установи, Селмани вели дека тој треба да преземе храбри и бескомпромисни одлуки.

-Сега ако се пазариме може и да не се договориме, а луѓето ни умираат, вели Селмани. Истакнува  дека 100-те кревети кои ги договори Филипче со приватните болници се премалку за она што не очекува со ваков број на заразени.

Според него, ситуацијата сè уште не е целосно излезена од контрола, но вели дека тоа ќе се случи ако медицинскиот персонал почне да се откажува од оваа битка со корона вирусот.

Тој вели дека државата треба да ги земе конците посилно во свои раце, да формира цена за тестирања и да се постават максимални цени на тестовите, а здравствените услуги во приватните да бидат според стандардизиран ценовник.

-Да не дозволиме нашите граѓани од немај каде, да одат во приватните здравствени установи и таму да трошат, 10 илјади евра, како да заминале на најубавите места на престој, како Лас Вегас на пример- вели Селмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот