Села: Стоиме зад секаква комисија која ќе работи за расветлување на трагедијата во тетовската модуларна болница

Зијадин Села / Фото: МИА

 Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села прашан за став околу барањето за анкетна комисија за трагедијата во тетовската модуларна болница, истакна дека стојат зад секаква комисија која ќе работи за да излезе вистината на виделина и да има одговорност.

– Треба да има законска одговорност за сите тие кои беа одговорни. За жал, откога се случија овие многу тешки немили настани, јас не гледам дека обвинителството работи да повика некого на одговорност. Не треба некои експерти од странство да ни дојдат за да се гледа дека таму биле луѓе кои не требало со закон да бидат присутни, вели тој.

Како што вели тој, обвинителството за тоа треба да се занимава со директорот на болницата и низа други пропусти кои се случија.

-Како на пример 11 години господинот Бесими бил вршител на должност. Не знам какви други докази им требаат за да почне одговорност за овој човек, а да продолжи и со министерот и така натаму, рече Села на денешната прес-конференција пред состанокот со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот