Села му ја откажа соработката на Мицкоски

Мицкоски, Села и Гаши/Фото: Twitter

Алијансата за Албанците најави дека ќе ја прекине соработката што досега ја имаа со ВМРО-ДПМЕ, откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа го разреши од директорската позиција во Комунална хигиена Зуди Енузи, чијшто брат, Цуфи, кој исто така е член на АА, учествуваше во вчерашниот вооружен инцидент на плоштадот „Скендербег“.

„Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со подршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртва на вакви сценарија. Слично како и другите пати, Албанците и овој пат платија. А поените ги земаат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Враќање на претходните сценарија на ДУИ и ВМРО повеќе нема да дозволува Алијансата за Албанците. Како резултат на последните случувања, ја прекинуваме соработката со ВМРО, не дозволувајќи повеќе да се навредуваат Албанците“, велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот