Седница на Централното претседателство на ДУИ

Али Ахмети лидер на ДУИ/ Фото: Фејсбук

Демократската унија за интеграција денеска продолжува со седницата на Централното претседателство која беше почната минатата сабота. 

Пред почетокот на седницата, при пристигнувањето во партиското седиште во тетовска Мала Речица, портпаролот Бујар Османи повтори дека денеска ќе има можност за внатрепартиската дебата за прашања околу партиското работење што во јавноста ги наметнаа одредени членови кои се дел од таканаречената „Огнена група“. 

– Ќе се разговараа за сите прашања кои останаа неразговарани на претходната седница кои што ќе бидат отворени и покренати од страна на членовите на претседателството. Секое прашање кое што ќе биде покренато од членовите на претседателството ќе може да се разговара – истакна Бујар Османи.

На прашањето на новинарите дали Муса Џафери вчера е разрешен од функцијата прв човек на Надзорниот совет, Османи рече дека денеска ќе се разговара за сите прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот