Се утврдува тајмингот на прекинот на гласањето во Липково, велат од ДИК

На новинарско прашање дали гласањето во избирачко место во општина Липково ќе продолжи откако имало прекин, од ДИК информираа дека се утврдува тајмингот за да се дадат конкретни насоки.

-Согласно одредбите од државниот законик, доколку траел прекинот помалце од 1 час , избирачкото место се затвара во 21 часот. Ако траел повеќе од 1 помалку од 3 часа, продолжува за толку време колку што трае прекинот. Ако е повеќе од 3 часа согласно изборниот законик нема продолжување. Нашите служби комуницираат со општинската изборна комисија Липково за да се утврди тајмингот на прекинот на гласањето, за да дадеме конкретни насоки во случај да бил прекинот повеќе од 1 час, а помалку од 3 часа, велат од ДИК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот