Сè уште високи ковид бројки во Србија: Нови 1.928 евидентирани случаи, во изминатото деноноќие починаа 16 пациенти

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Србија за последните 24 часа регистрира нови 1.928 заболени лица со коронавирус од 11.699 тестови, а за истиот период пријави и 16 починати пациенти.

Во болниците ширум земјата се сместени 3.832 пациента од кои 129 се приклучени на респиратор, покажуваат податоците на интернет страницата ковид19.рс.

Нашите северни соседи тестираа вкупно 2.753.786 лица на ковид-19 од кои како позитивни се дијагностицирани 417.871 случај.

Досега во Србија починаа 4.199 пациенти, а процентот на смртност е еден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот