Се уште се разговара за петтиот пакет, ништо не е прецизирано, велат од Стопанска комора

Се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет економски мерки, велат од Стопанската комора на Македонија.

Штом ќе се договори нешто конкретно, велат од Комората, јавноста ќе биде информирана.

-Засега се уште не се дефинирани конкретни мерки. Во тек се разговорите со засегнатите страни. Штом биде договорено нешто конкретно, ние ќе соопштиме. Засега нема ништо што би можеле да кажеме, не сакаме да се создаде конфузија и забуна за некоја активност што не е прецизирана, истакна денеска Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора, одговорајќи на новинарско прашање.

Претходно, на прес-конференцијата во Комората, претставниците од Групацијата за производство на месо и преработки од месо побараа да се вратат ваучерите „Купувај домашно” и предупредија дека четвртиот и петтиот пакет мерки нема да го дадат посакуваниот ефект зашто не се правилно насочени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот