Се снима српската верзија на култната серија „Сите го сакаат Рејмонд“

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Една од најуспешните американски серии „Сите го сакаат Рејмонд“ ќе добие српска верзија.

Серијата го носи работниот наслов „Сите го сакаат Андрија“. Андрија Милошевиќ, кој ќе ја игра главната улога, зад себе има голем број комедии и серии од сличен формат, како „Андрија и Анѓелка“, „Слатки маки“ и „Синовите на мама“, пишува српски „Курир“.


За снимањето на серијата се зборуваше изминативе пет години, а Андрија за „Курир“ ги потврди наводите.

– Одлично е на снимањето, се разбира.  Во оваа работа сме долго време и задоволство е да се работи, особено кога имате одличен текст и врвни колеги. Секако, ние правиме своја верзија – рекол актерот.

Покрај Милошевиќ, меѓу главните актери на овој ситком се и Александар Среќковиќ Кубура, Бранимир Брстина, Љиљана Благојевиќ и Маша Дакиќ.

Ситкомот ќе го режира Огњен Јанковиќ и Петар Личина, автор на филмот „Последниот Србин во Хрватска“. Снимањето ќе трае четири месеци и ќе се одвива во специјално изградена куќа.

Планирано е серијата да се прикажува следната година.

Фото: Профимедиа

„Сите го сакаат Рејмонд“ освои 15 награди Еми, а имаше девет сезони од 1996 до 2005 година.

ФОТО | Андрија Милошевиќ стана татко: Помалку време за вицеви, а повеќе за менување пелени!

ФОТО | Андрија Милошевиќ стана татко: Помалку време за вицеви, а повеќе за менување пелени!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот