СЕ СКАРАА ПРЕД КАМЕРАТА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“: Едната го поддржува штрајкот на наставниците, другата не (АНКЕТА)

„Слободен печат“ денеска ги праша граѓаните дали се согласуваат со одлуката да се пролонгира учебната година, поради штрајкот кој го најавија наставниците, при што забележливо беше поделеното мислење меѓу нив. Додека едните ги поддржуваат, другите сметаат дека таков чекор е апсолутно непотребен. Две пријателки дури и се скараа пред нашата камера.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) донесе одлука на 2 септември да стапи во предупредувачки штрајк, што значи дека првиот училишен ден за учениците од основното и средното образование ќе биде ненаставен. Одлуката е донесена, но не се исклучува можноста во последен момент таа да биде променета.

Како што посочуваат од СОНК, штрајкот ќе биде еднодневен, односно нема да се одвива во континуитет. Ќе се протестира само на 2 септември, а потоа за утврдување на следните чекори дополнително ќе одлучува Советот на СОНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот