Се реализира првата фаза на поставување на приклучоци од вакуум канализација во Јурумлери

Се реализира првата фаза на поставување на приклучоци од вакуум станицата во Јурумлери кон улица 2, информира општина Гази Баба.

Со оваа вакуум станица се поврзува со главниот цевковод, од каде што почнува со ширење на канализационата мрежа кон домаќинствата. Во моментов се вршат ископи и поврзување на улица 2, во склоп на првата фаза, а во останатите фази ќе се работи на  поставување на приклучоците кон останатите два краци. Кога ќе биде завршена целосно една линија, веднаш ќе се пристапува кон нејзино целосно асфалтирање, додаваат од општината.

Претходно, беше извршено прекопувањето на каналите. Целта, како што велат од таму, е секое домаќинство да добие пристап до подземните канализациони инсталации и шахти. Подготвителната фаза за имплементација на вакуум прочистителна станицата во Јурумлери, која ќе биде прва во земјава, се реализира со средства на општината.

„Со изградбата на вакуум канализациската мрежа во Јурумлери, се решава повеќе деценискиот проблем на жителите од ова населено место кои сега добиваат нормални услови за живеење, а септичките јами стануваат минато“, стои во соопштението од општина Гази Баба.

Целосната реализација на овој проект се очекува да биде завршен за максимум 2 години.

Општина Гази Баба апелира до жителите на Јурумлери да се придржуваат до сообраќајните правила со цел побрза и поефикасна изведба на градежните активности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот