Се поставуваат над 50 „легнати полицајци“ низ сите населени места во Општина Бутел

Фото: Општина Бутел

Низ населените места во Општина Бутел деновиве се поставуваат „легнати полицајци“ за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

– На барање на жителите кои сами ни ги посочија локациите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или таканаречени „легнати полицајци“ на повеќе фреквентни локации и улици низ сите населени места. „Легнати полицајци“ се поставуваат во Љубанци, Љуботен, Радишани, Расадник, Љуботенски Пат, Св Климент, Живко Брајковски, Скопје Север, Бутел 2, Визбегово, Кучевачка Бара. Поставувањето на нови „легнати полицајци“ е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот – информираат од Општина Бутел.

Општина Бутел за овој проект од својот Буџет издвои околу три милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот