СÈ ПОРАДИ ДИВНА: Зошто Душко ја отследи Јелена Карлеуша од Инстаграм?

Принтскрин/Инстаграм

Според српскиот „Вип магазин“, Душко Тошиќ веќе поднел барање за развод, а Јелена не одговара и не ги прифаќа фактите.

Наводно, Тошиќ е спремен на Јелена да ѝ ја остави вилата и да плаќа висока алиментација, само таа конечно да ја прифати реалноста и да ги потпише документите за развод.

Според изворот на „Вип магазин“, приказната со разводот започнала уште додека Дивна Карлеуша била жива. Тој се обидувал на секој начин да ја увери дека разводот е решение за нивната ситуација, дури и преку нејзините најблиски.

Како наводна причина за отследувањето на Карлеуша од Инстаграм се наведува барањето на Јелена тој да постави фотографија со нејзината мајка откако таа почина.

На тоа, Тошиќ бурно реагирал и ѝ објаснил на Јелена дека нема да биде дел од нејзиното „ловење“ на медиумите преку социјалните мрежи и дека одбива да објави таква фотографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот