Се подготвува бура во Манчестер, во игра за наследник на Солскјер е и поранешен тренер на Сити

Роберто Манчини и Италија изминатото лето триумфираа на Европското првенство/ фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Поразот на Манчестер јунајтед во градската дерби пресметка против Сити од 0:2 повторно ги подгреа шпекулациите за смена на Оле Гунар Солскјер и според информациите кои доаѓаат од Италија, еден од кандидатите за негов наследник е поранешен тренер на „граѓаните“.

Како што пренесува Калчомеркато, двајца италијански тренери се поврзуваат со клупата на Манчестер јунајтед, Џенаро Гатузо кој од лето е без ангажман и актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини кој во 2014 година триумфира во Премиер лигата со Манчестер сити.

Но, според Калчомеркато, далеку помали шанси да го наследи Солскјер има Манчини бидејќи сè уште е под договор со фудбалската федерација на Италија која нема намера да дозволи Манчини да седи на две столици.

Освен Гатузо и Манчини, како можни наследници на Солскјер на клупата на Јунајтед се споменуваат и имињата на Брендан Роџерс кој седи на клупата на Лестер, тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино и Зинедин Зидан кој е без ангажман и наводно треба да го замени Дидие Дешан на селекторската клупа во француската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот