Се ожени актерот Андрија Милошевиќ: Тајна интимна венчавка со колешката

Фото: Инстаграм/Андрија Милошевиќ/Александра Томиќ

Иако многу медиуми во регионот ги нарекуваа сопружници, тие никогаш не се изјаснија за ова прашање, ниту потврдија дека влегле во брачните води.

Црногорскиот актер и телевизиски водител Андрија Милошевиќ (44) и неговата сопруга Александра Томиќ (40) во емисијата „Уз кафу са“ со актерката Сека Саблиќ, открија дека официјално се венчале.

Фото: Инстаграм/Александра Томиќ

„Се венчавме во црква на 1 февруари 2022 година, 25 дена пред да се роди Реља. Сѐ беше многу интимно, со нас беа само кумовите и неколку пријатели“, открила неговата сопруга Александра во емисијата, пренесуваат српските медиуми. Милошевиќ на шега, во негов стил додал дека тоа го направиле за детето да не остане без татко.

Фото: Инстаграм/Александра Томиќ

Парот пред бракот беше во врска 10 години. Андрија на регионалната публика и е познат по улогата во хумористичната серија „Андрија и Анѓелка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот