Се намали вредноста на благородните метали поради руската вакцина за ковид-19

Цените на блогородните метали забележаа драстичен пад на азиските и на американската берза.

Цената на златото се намали дури за 5,2 отсто и унца се тргуваше за 1.921,50 долари, што е најголем дневен пад во изминатите седум години и е многу помалку од вредноста во петокот кога унца злато се тргуваше за 2.072,50 долари.

И цената на среброто забележа пад од 13,8 проценти, најголемо намалување од октомври 2008 година и овој благороден метал се тргуваше по 25,24 долари по унца.

Вредноста на платината се намали за 4,7 отсто на 940,08 долари, а во исто време забележан е и пад на цената на паладиумот на 2.116,33 долари за унца.

– Ова е мини удар. Не можевме да ги игнорираме ударните медиумски наслови за потенцијалната руска вакцина, така што продолжи оптимизмот на инвеститорите за вложување во компаниски акции, изјави аналитичарот од брокерската куча „Оанда”, Едвард Моја.

На американските берзи цената на златото се намали за 4,6 отсто и унца се тргуваше за 1.946,30 долари.

– Подобрите од очекуваните екомонски податоци во САД влијаеја на распродажбата на жолтиот метал, посочи Мора.

Тој додаде дека и понатаму е силна вредноста на златото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот