Се гледа крајот: Шар Планина конечно станува национален парк

По речиси две децении иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк, конечно ќе добие завршница. За две недели Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк ќе влезе во владина процедура.

Оваа информација ја најави премиерот Зоран Заев од собраниска говорница. Тој до граѓаните апелираше да не се плашат дека нивните традицонални активности ќе бидат загрозени.

-Ловот како гранка има начин како да се организира така ќе биде и во планинскиот појас на Шар планина. Ловните средини ќе бидат обезбедени и нивните традиционални навики ќе бидат овозможени. Но затоа пак богатството и придобвиките од прогласувањето на Шар Планина како национален парк, кои ќе го добијат граѓаните, се огромни. Овие постапки не се едноставни, затоа останува извршената власт да дава алтернативни можности за инвестирање, па дури и за фарми. Сето тоа е уредено со законите. Европа се повеќе тежнее кон прогласување на национални паркови, и заштитени подрачја. На сите оние кои мислат дека им е загрозен економскиот просперитет државата ќе им понуди алтернативни решенија. Ги охрабрувам граѓаните од овие региони дека стоиме на располагање за егзистенцијални алтернативи, рече Заев.

Со прогласувањето на Шар планина за национален парк ќе се заштитат ендемските природни вредности, флората и фауната, специфична само за овој планински венец. Многу граѓани и невладини организации апелираа Шара да се заштити бидејќи беше оставена на милост и немилост, на дрвокрадството, дивоградбите, пристапните патишта, но и на хидроцентралите кои се повеќе и штетат на планината.

Шар Планина се прогласува за национален парк меѓу другото и затоа што тоа е еден од условите за преговори со Европската Унија, која бара одреден дел од територијата да биде заштитена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот