СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже што финансирале фирмите на Камчев за партијата

Фото: Миа.мк

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што финансирале фирмите на Камчев и дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ?, бараат одговори од СДСМ во своето соопштение.

-Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со денови молчат на јавно поставени прашања поврзани со кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори.Наместо бледи соопштенија од белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред јавноста и да одговорат: Што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ?- велат оттаму.

Од владејачката СДСМ прашуваат, дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ?

Најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити до крај од надлежните институции, појаснуваат од СДСМ, особено што е поврзана со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот