СДСМ: Повисока дневница и слободен ден за тие кои ќе работат во недела

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата го усвои Предлог-законот за работни односи со чии измени недела ќе биде ден за неделен одмор од први октомври 2021 година. Измените на овој закон кои се изработени по пат на социјален дијалог, предвидуваат недела да биде ден за неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат, велат од СДСМ.

-Но, овие работници кои ќе работат во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50% од редовната дневница, а исто така ќе добијат и слободен ден што можат да го искористат во наредните седум дена. Резултатите од спроведените анализи говорат дека, со овие измени, недела ќе биде ден за одмор за над 92% од работниците во земјава, се вели во соопштението од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот