СДСМ: На оние кои со меници држеа пратеници, денеска полна им е устата со лаги и нови закани

Фото: СДСМ

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз, во реакција на повлекувањето на опозицијата од Собранието по неуспешната иницијатива за гласање недоверба на Владата, соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ со недели ја манипулирала јавноста.

Еве го во целост соопштението од СДСМ:

„Срам е да го лажеш народот дека имаш мнозинство а во исто време да се покаже дека немаш.

Срам е да излезеш со тешко лажно обвинување, да лажеш дека е киднапиран пратеник, во исто време кога пратеникот изјавува дека е под закана од поединци токму од опозицијата.

Таа вистина сигурни сме дека ќе се потврди овие денови.

Срам е да велиш дека некој манипулира а во исто време со недели да ја манипулираш јавноста.

Срам е да седиш на иста маса со оние кои се против НАТО и ЕУ, против концептот едно општество, против правдата, а во исто време друг да ти биде виновен за тојот неуспех.

Срам е да велиш дека се црни денови за македонската демократија а не се извиниш за сите лаги и да поднесеш оставка.

Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со лаги и нови закани. Е тоа е срам.

Заканите на ВМРО-ДПМНЕ се показател за нивниот дебакл, за поразот на нивните лаги, за поразот на сите нивни невистини, манипулации…

Хритијан Мицкоски, Зијадин Села, и Билал Касами, треба да излезат пред граѓаните, да им се извинат и да понесат одговорност.

Граѓаните да бидат спокојни, СДСМ, заедно со сите демократски сили и пратеници ќе обезбеди стабилност и продолжување на напредокот на земјата“, се вели во соопштението од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот