СДСМ: Мицкоски зборува за легитимитет, а тој е само маша на лидерот од Будимпешта

СДСМ партиска зграда/ Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

Социјалдемократскиот сојуз вечерва издаде соопштение во кое реагира на наводите изнесени во вечерашното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Еве го во целост соопштението од СДСМ:

„Христијан Мицкоски е последен што може да зборува за легитимитет, тој неговиот го црпи од Будимпешта, од каде ги добива сите одобрувања и наредби за својата работа. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија со лидер осуден за криминал кој живее во друга земја, а во партијата има поставено вршител на должност. Премиерот Димитар Ковачевски и актуелната Влада имаат полн капацитет, легитимитет и проширено мнозинство.

Оттаму, наместо постојано да ја оптоварува јавноста со барање избори, Мицкоски да се обиде еднаш да се издигне над партиските интереси и наредбите од Будимпешта и да застане во интерес на граѓаните. Да ги поддржи проектите и реформите во интерес на граѓаните и да покаже државност ако било кога во иднина сака да ја добие довербата од грѓаните.

Деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ ги надминува сите граници, а желбата за избори на сметка на грбот на граѓаните е дегутантна. Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сака да ја покрие со постојани барања за предвремени избори. Во период на енергетска и економска криза, во ситуација кога парламентарното мнозинство е стабилном, а Владата има полн легитимитет, потребна е работа за да се надминат последиците од кризите, а не предвремени избори и ново закочување, нови блокади.

Но, тоа е односот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и државата. Не нудат никакви решенија, не предлагаат ништо, немаат став за ништо, но затоа постојано само бараат избори само нешто кочат и блокираат, а нивните градоначалници не работат ништо освен што ги партизираат изборите.

Затоа Мицкоски вечерва се обиде да бара оправдувања, затоа и му се брза за избори, затоа што знае дека граѓаните гледаат колку се неспособни и неуспешни неговите градоначалници, но предвремени парламентарни избори нема да има. Следните избори ќе бидат во редовниот термин, во 2024 година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот