СДСМ: 5,77 милиони евра за поддршка на над 2200 угостителски објекти

Кафуле во Скопје / илустрација Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат со вистинска грижа за сите граѓани, со директна поддршка за македонската економија, за спас на работните места, велат од СДСМ.

– За 2204 угостителски објекти со 11 235 вработени, кои беа затворени со владината одлука за спречување на ширење на ковид, обезбедени се 5,77 милиони евра.

Сите економски антикризни мерки што ги презеде Владата предводена од СДСМ за време на пандемијата придонесоа за надминување на последиците и денес имаме економија која е стабилна, жива и динамична.

Силна потврда за тоа се бројните статистички параметри.

Степенот на невработеност е на историски најниско ниво и изнесува 16 отсто.

Паралелно, бележиме раст на извозот и раст на индустриското производство.

Континуиран раст бележат и платите. Просечната плата за месец март изнесува 28 217 денари, што е за 6,8 отсто повисока од истиот месец лани.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики кои овозможуваат забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните, стои во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот