Сарацин: Патот на Курти во дијалогот не е добар за долгорочниот интерес на Косово

Мануел Сарацин / Фото Credit line: MICHAEL KAPPELER / AFP / Profimedia

Специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, за албанската ABC News ги коментирал проблемите со кои се соочуваат земјите од регионот, како што е дијалогот меѓу Косово и Србија, за кој побарал повеќе политичка волја, а страните да преземат конкретни активности, бидејќи според него не е должност на Европската унија да биде арбитер.

Додал дека Србија треба да тргне на патот кон ЕУ и побарал од Белград да воведе санкции кон Русија.

За односите на Албин Курти со меѓународната заедница, Сарацин оценил дека „не е во долгорочен интерес на Косово да ги загуби можностите кон ЕУ“.

Патот по кој чекори владата на господинот Курти во дијалогот, се плашам дека тоа долгорочно можеби не е добро и не е во интерес на Косово, за приближување кон Европската Унија. Се плашам дека тоа може да води повеќе во насока на самодоверба и губење на можностите да се оди кон Европската унија, оценува тој.

Го коментирал и Самитот одржан во Тирана и повикал „да не се користи минатото за зголемување на националистичките чувства“, туку земјите од Западен Балкан да работат заедно за да се придвижат кон Европската унија.

Мислам дека не треба да ја потцениме оваа општа идеја на самитот, кој беше организиран за да покаже дека Молдавија, Украина и земјите од Западен Балкан се заедно и оти заедно можат да постигнат многу и треба да се гледаат позитивно. Знаете дека секој чекор преземен од една од овие земји ќе им помогне и на другите. Ова е многу позитивно, оценува Сарацин.

Посочил дека она што го почувствувал како атмосфера меѓу лидерите, било многу важно.

Понатаму, Тирана даде можност за билатерална средба на претседателите, украинскиот Володимир Зеленски и српскиот Александар Вучиќ, што секако има некои цели, кои знаете, можеби дури и корисни за српската страна, но во целина, тоа несомнено е добра фаза, изјавил специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, за албанската ABC News.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот