САМО ГОДИНАВА БЕА УБИЕНИ 138 ЖЕНИ: Франција со мерки за намалување на бројот на жени убиени од свои партнери

Француската Влада, под невиден притисок на јавноста, денеска вети дека ќе одземe огнено оружје од сопружници кои злоставуваат свои сопруги и дека подобро ќе ја обучи полицијата во рамки на широк национален план за намалување на бројот на жени убиени од свои партнери.

Франција има една од највисоките стапки на семејно насилство во Европа и за претседателот Емануел Макрон тоа е „срам за Франција”.

Премиерот Едуард Филип денеска откри десетици мерки за решавање на проблемот вклучително и електронски нараквици за насилници и 1.000 нови места во прифатилишта за жени жртви на насилство.

Денешната најава означи крај на двомесечниот владин проект за исправање на она што Филип го нарече „дисфункции” во Франција како одговор на насилствата во семејството.

Прочитајте и...  ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиен пензиониран полицаец кој се обидел да спречи грабеж за време на протестите во САД

Само во оваа година во Франција беа убиени 138 жени – убиени од свои партнери или поранешни партнери.

Франција е една од државите во Европа со највисоко ниво на такви злосторства. Владата следната година ќе издвои 360 милиони евра за спроведување нови мерки за кои Филип рече дека се надева дека ќе послужат како „електрошок” за француското општество.

Владата ќе креира и превентивни програми во школите, ќе го одреди психичкото насилство како облик на семејно насилство и ќе отвори два центра во секој регион со цел пронаоѓање извршители.

Филип додаде дека Владата ќе отвори 80 работни места во државата за полицајци кои ќе се занимаваат со обвинувања за семејно насилство.

Прочитајте и...  Директорот на финансиска полиција е негативен на ковид-19

Прочитај повеќе

„Ако затворите на Задушница, тешко вас!“

Слободен печат

Грција нема издадено никаква нова или дополнителна забрана за влез на македонски државјани

МИА Агенција

Границите затворени, платените зелени картони подарок од граѓаните?!

Една по една се затвораат вратите за македонските туристи

Михаило Донев

Германија предлага нов закон за отпуштање војници екстремисти

Слободен печат

Град Скопје изврши намалување на решенијата за фирмарина за 2020 година

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Не е потребно аплицирање за платежната картичка, корисниците ќе бидат известени од банките

Слободен печат

Затворена уште една текстилна компанија во Штип, вкупно седум конфекции

МИА Агенција

Волсстрит „порасна“ и покрај протестите во САД: Инвеститорите се надеваат на брзо опоравување од корона кризата

Слободен печат

Над 600 медицински сестри починаа од Ковид-19 во светот

Слободен печат

УЈП демантира дека 200 вработени се во самоизолација поради контакт со Лукаревска

Слободен печат

Расте невработеноста во во ЕУ и еврозоната

Слободен печат