Само да поминат изборите кај нас и кај вас и дијалогот ќе добие нова смисла, ни порача бугарскиот премиер

Стефан Јанев, Министер за одбрана на Бугарија/ Фото Архива на СП

Техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, во пресрет на самитот ЕУ-Балкан на којшто една од темите повторно ќе биде бугарско-македонскиот спор, изјави за БНТ дека во однос на Северна Македонија, Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин.

Јанев рече дека Софија не планира да отстапи од своите барања, кои Скопје „не ги слуша доволно добро“. Тој, како и вчераминистерката за надворешни работи Екатерина Захариева, ги спомна „лошиот однос кон луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија“.

На обвинувањата од Захариева, која вчера рече дека разочарана од одговорите што ги добила од Скопје, реагираше македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров, со податокот дека во земјава досега немало ниту еден приговор за дискриминација по бугарска етничка основа.

Според Јанев, по крајот на октомври и ноември, кога има политички избори во Македонија и Бугарија, дијалогот „ќе добие нова смисла“.

-нНема да има промена на бугарската позиција, бидејќи тоа го постави Народното собрание на Бугарија, рече премиерот Стефан Јанев и додаде дека земјата нема да биде уценувана.

Јанев вели дека бугарскиот национален интерес е поврзан и со интересот на другите нации во ЕУ.

– Не треба да се дозволи спорот меѓу две соседни земји да се пренесе во ЕУ. Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт, со властите во Република Северна Македонија да се бара решение во име на нашата заедничка иднина, коментираше премиерот Стефан Јанев, додавајќи дека треба „да не се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината.”

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев додава дека бугарските тврдења „не се слушнати доволно добро и од македонска страна и од нејзините европски партнери“.

– Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија. Сака и да го запре лошиот однос кон луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија. Така овие работи ќе се решат и ќе се најде вистинската формула, коментира Јанев, додавајќи дека се надева дека ова ќе се случи во блиска иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот