Само 9 години затвор за убиецот Ристески

Врховниот суд во Викторија, донесе пресуда од девет години затвор за Македонецот Борче Ристески (55), кој е обвинет за убиство без умисла на својата сопруга Карен Ристески, известуваат австралиските медиуми.

Ваквата пресуда ја разбранува јавноста во Австралија, особено затоа што за вакво кривично дело, според австралискиот правосуден систем следува максимална казна од 20 години затвор, односно доживотна казна затвор доколку сторителот не го признае делото. Братот на Карен, Стефан Вилијамс изјави дека семејствот не добило никаква правда.

– Како општество, во поглед на семејното насилство, ќе треба да се заземе цврст став. Тоа, денеска, не се случи! – рече Вилијамс.

Со остра реакција се јавија и невладините организации кои се занимаваат со семејно насилство, велејќи дека нема правда за Карен и за нејзиното семејство.

– Денеска добивме порака оти одземањето на животот на една жена, вреди шест години во затвор од животот на еден маж – велат од Организацијата за спречување на семејното насилство „Викторија“.

Мртвото тело на Карен Ристески (47) е пронајдено осум месеци откако била пријавена за исчезната. Според пријавата таа последен пат била видена на 29 јуни 2016 година, во националниот парк Маунти Маседон во Северен Мелбурн, 50 километри оддалеченост од домот во кој живеела со својот сопруг Борче и ќерката Сара.

На истата локација, осум месеци подоцна, е пронајденот телото на Карен, фрлено во грмушки и покриено со гранки. Полицијата по спроведувањето на детална и долга истрага, која вклучувала следење, прислушкување и прегледување на снимки од видео-камери, во декември 2017 година го обвинува сопругот Борче за убиство.

Додека трае истрагата Ристески ткае мрежа од лаги, играјќи ја улогата на „невин, тажен, вдовец“, присуствувајќи на погребот на Карен. Според истрагата Борче ја убил сопругата во нивниот дом, за подоцна мртвото тело да го пренесе во паркот Маунти Маседон возејќи го семејниот „мерцедес бенз“.

Осум месеци подоцна при холтикултрно уредување на паркот пронајден е скелетон на Карен.

При обдукцијата не била утврдена причината за смртта, а Ристески никогаш не дал изјава за начинот на кој го извршил делото.

Во текот на судењето тој тврдел дека нема никаква врска со смртта на сопругата, се до еден ден пред донесување на пресудата од страна на Врховниот суд, кога се изјаснува за виновен, иако судијата Кристофер Бил вели дека според изнесените докази не можат да се докажат неговите намери за убиство, истакнувајќи дека тој покажал „измамничко однесување“ и „отсуство на жалење“ додека „ја играл улогата на ужален вдовец“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот