Салвини одржа огромен десничарски собир во Рим, собра над 10.000 луѓе

Фото: EPA/ Giuseppe Lami

Ултрадесничарскиот италијански политичар Матео Салвини денеска ги предводеше масовните антивладини протести во Рим на кои се собрале околу 10.000 поддржувачи, јавуваат италијанските медиуми.

Протестот под мотото „Италијанска гордост“, се одржал на плоштадот Сан Џовани, кој претходно се поврзуваше со собирите на италијанската левица.

Претседателот на антиимигрантската десно ориентирана партија Лига, Салвини во август го изгуби местото потпретседател на Владата и министер за внатрешни работи откако ја поништи коалицијата со Движењето пет ѕвезди (М5С).

М5С формира нова владина коалиција со поранешниот жесток непријател Демократската партија (ПД), со цел да се спречат предвремени избори, на кои најверојатно би победил Салвини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот