САД претрпеле рекорден број скапи катастрофи, а уште не завршило летото

Хаваите годинава претрпеа голема катастрофа - Фотографија ЕПА, Етјен Лорен

До крајот на август САД биле погодени од рекордни 23 метеоролошки и климатски катастрофи што предизвикале поголема штета од по 1 милијарда долари

Бројот на скапи природни катастрофи што ги погодиле САД во периодот од јануари до август веќе е поголем отколку во целата 2022 година, покажуваат официјални податоци.
До пред крајот на летото САД биле погодени од рекордни 23 метеоролошки и климатски катастрофи што предизвикале поголема штета од по 1 милијарда долари. Најмногу вакви катастрофи досега имало во 2020 година, но во период од 12 месеци.

Според вкупната предизвикана штета, сепак, 2023 година е далеку од рекордната 2017, кога ураганите Харви, Ирма и Марија еден по друг, како и другите невремиња, предизвикаа штета од 383,7 милијарди долари.

Најголемите катастрофи во Америка годинава се пожарите на Хаваи во август, пролетните поплави низ Калифорнија и ураганот Идалија, кој го погоди брегот на Флорида на 30 август. Овие три катастрофи предизвикале 253 смртни случаи и штета проценета на 57,6 милијарди долари. Во билансот сѐ уште не се пресметани штетите од тропската бура Хилари и од сушата што ги погодува јужните и среднозападните региони на САД.

– Овие рекордни бројки за време на годината што веројатно е една од најтоплите воопшто се јасен сигнал дека се влошува трендот на скапи катастрофи, од кои многу го носат белегот на климатските промени – забележува Рејчел Клитус, директорка за климатски и енергетски програми во Унијата на загрижени научници.

Од 1980 година, кога почнало да се евидентира штетата од катастрофите, САД претрпеле штета од 371 милијарда долари. Во овој период просечно имало по 8,1 катастрофи што предизвикале штета поголема од 1 милијарда долари, но во изминатите четири години имало по дури 18 такви настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот