САД побараа истрага за глорификацијата на хашките осуденици и малтретирањето на повратници во Република Српска

Знаме на Босна и Херцеговина/ Фото: МИА

 Американските власти ги повикаа властите во Босна и Херцеговина да ги истражат сите случаи на глорификација на лица осудени за воени злосторства, како и малтретирање на повратници во Република Српска, за време на прославата на 9 јануари, Денот на РС, кој Уставниот суд на БиХ го прогласи за неуставен.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс рече дека властите во БиХ мора веднаш да реагираат кога станува збор за истрагата за глорификацијата на лицата осудени за воени злосторства.

„Ги повикуваме надлежните органи веднаш да ги анализираат овие инциденти и да ги повикаат одговорните лица на одговорност”, соопшти Стејт департментот.

Сараевские медиуми пренесуваат дека САД се многу добро запознаени за бројни инциденти, кои вклучуваат „говор на омраза и глорификација на воени злосторници”.

– САД се добро запознаени со случаите кои вклучуваат говор на омраза, глорификација на воени злосторници и провокации против повратниците во ентитетот РС, се вели во соопштението.

Коментирајќи го присуството на руски и кинески дипломати на прославата на Денот на РС, Прајс рече дека „додека кинеските и руските претставници учествуваа во дестабилизирачките церемонии, САД донираа 96.000 дози вакцини против коронавирус на Босна и Херцеговина”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот