САД дава 10 милијарди долари за новата власт во Венецуела - Слободен печат
ВестиПланета

САД дава 10 милијарди долари за новата власт во Венецуела

Фондот ќе им биде наменет за идните власти на Венецуела за придвижување на економијата, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

САД и некои други земји планираат да основаат фонд за Венецуела од 10 милијарди долари.

– Фондот ќе им биде наменет за идните власти на Венецуела за придвижување на економијата – изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

Тој истакна дека иницијативата е покрената во четвртокот, на средбата на претставниците на 19 држави на маргините на пролетниот состанок на ММФ и Светска банка. Меѓу присутните земји биле Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада.

– Кога и да учествувам на состанок од ваков тип не можам да верувам колку е влошена состојбата на Венецуелците – нагласи Мнучин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close