С. Кореја истрела балистички ракети откако соопшти дека го открила првиот случај на ковид

Балистичка ракета/ Фото EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE /

Северна Кореја истрела три балистички ракети со краток дострел кон морето, тврдат Јужна Кореја и Јапонија.

Истиот тип на ракета беше истрелана претходно оваа недела, за време на инаугурацијата на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол.

Последното лансирање се случува откако Пјонгјанг соопшти дека во земјата е забележан првиот случај на ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Земјата во изминатиот месец тестираше голем број ракети. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот