Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица во Украина

руски тенкови EPA-EFE/

Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица во градот Кремина во источниот дел на Украина, истакна шефот на воената цивилна управа во Луганск, Сергеј Хаидаи, јави Би Би Си.

Тој на платформата Телеграм напиша дека руските сили „цинично и намерно” отвориле оган, при што загинале 56 луѓе. Хаидаи тврди дека 15-те преживеани биле „киднапирани од окупаторите” пред да бидат однесени во „регионалниот дом за стари и изнемоштени лица” во Сватово.

Би-Би-Си не успеа да ја потврди информацијата од независен извор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот