Руска вакцина против Ковид-19: Сите тестирани кандидати развиле антитела

Фото: EPA

Руската вакцината против Коронавирус која се наоѓа во раните фази од клиничкото воспитување, предизвикала создавање на антитела кај сите ученици, објави медицинското списание „The Lancet“.

Резултатите на двете испитувања, спроведени во јуни и во јули годинава на вкупно 76 учесници, покажале дека сите  учесниците развиле антитела на Ковид-19 и дека немале сериозни нуспојави, се вели во списанието.

Русија ја регистрираше вакцината во две фази за домашна употреба во август, прва во светот и тоа пред да бидат објавени било какви податоци за неа и тред почетокот на масовното испитување.

„Две испитувања во траење од 42 дена, кои опфатиле 38 здрави возрасни испитаници, не покажале никакви сериозни штетни последици меѓу учесниците, и потврдиле дека кандидатите за вакцина предизвикале создавање на антитела“, пишува The Lancet.

Масовните долготрајни испитувања вклучувајќи ја споредбата со плацебо групата, и натамошни следења се потребни за да се утврди долгорочната сигурност и ефикасност на вакцината.

– Со ова одговараме на сите прашања на Западот кои уредно беа поставени во изминативе три недели, искрено, со цел да се фрли дамка на руската вакцина – изјави Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд кој го финансирал развојот на вакцината.

Првите резултати од масовното испитување на руската вакцина, кое почнало минатата недела, се очекуваат во октомври или во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот