Русија по чекорите на САД се повлекува од Договорот за отворено небо

САД - Русија, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Русија ја почна процедури за повлекување од Договорот за отворено небо, објави руското Министерство за надворешни работи.

Според руските медиуми, процедурите за повлекување на Русија од Договорот се иницираат поради фактот што нема напредок во отстранување на пречките за продолжување на договорот во новите услови.

Договорот за отворено небо беше потпишан во 1992 година и е на сила од 2002 година, а со него на земјите членки им се овозможува отворено да собираат информации за воената сила и за активностите на другите членки.

До неодамна 34 држави беа потписнички на Договорот, а кон крајот на мај минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп унилатерално објави дека Вашингтон се повлекува од Договорот. Како причина за таквата одлука САД го наведоа кршењето на договорот од страна на  Русија, но официјална Москва повеќепати ги негираше ваквите обвинувања.

САД го завршија процесот на повлекување од Договорот за отворено небо на 22 ноември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот