Русија ги предупреди американските воени бродови да го избегнуваат Крим

Русија денеска ги предупреди САД американските воени бродови да го избегнуваат Крим „за нивно добро”, а другите земји да не и доставуваат оружје на Украина.
Два американски воени брода треба да пристигнат во Црно Море оваа недела во контекст на ескалацијата на конфликтот во источна Украина каде владините сили се борат против проруските трупи. Во конфликтот досега загинаа 14.000 лица.
Москва го анектираше Крим од Украина во 2014 година.
Западот предупредува дека Русија во последно време собира сили во близина на источната граница на Украина и на Крим. Русија реагира со преместување на своите сили како што и одговара, вклучително и за одбранбени цели.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ги предупреди американските воени бродови во Црното Море да се држат на дистанца, истакнувајќи дека ризикот од инциденти е многу висок, пренесоа руските новински агенции.
„Американските бродови нема апсолутно ништо да бараат кај нашите брегови, тоа е чиста провокација. Провокација во буквална смисла на зборот: тие ја тестираат нашата сила. Нема да им успее. Ги предупредуваме САД дека ќе биде подобро за нив да бидат далеку од Крим и од брегот на Црното Море”, рече Рјабков.
Пентагон одби да коментира за испраќањето бродови, велејќи само дека американската војска рутински испраќа бродови во тој регион.
Руската Црноморска флота е со седиште во Крим, каде има моќни проектили и радари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот