Роналдо тврди дека не го навредил селекторот: Реакцијата беше за играч на Јужна Кореја

Фото: EPA-EFE/Abir Sultan

Јужна Кореја беше поразена од Португалија со 2:1, поразот не влијаеше на Португалците кои останаа лидери во групата, но сепак донесе фрустрација кај Кристијано Роналдо.

Роналдо нервозно го напушти воторот полувреме во 65. минута кога беше заменет од селекторот Фернандо Сантош. Можеше да се забележи дека Роналдо не е задоволен што го завршува натпреварот, а португалските медиуми пишуваа дека испратил пцовка до селекторот.

„Очигледно многу ти се брза да излезам, да те е*ам“, наводно изговорил Португалецот.

На прес-конференцијата по натпреварот Роналдо објасни дека нервозната реакција била поради провокација од страна на еден фудбалер на Јужна Кореја.

„Пред да ја напуштам играта, фудбалер на Јужна Кореја луто ми рече да излезам порано. Му одговорив да замолчи. Тој нема никаков авторитет и моќ да ми кажува било какво мислење“, објасни Роналдо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот