Ромео: Италија ќе се залага за проширување на ЕУ во најкраток можен рок

Западен Балкан е дел од Европа и треба да биде дел од ЕУ.  Процесот на проширување не е мртов и не треба да се разочаруваме и во најскоро време се надеваме дека ќе успееме да го предложиме во Европскиот совет, изјави амбасадорот на Италија Карло Ромео, во интервју за телевизија „Телма”.

Нагласи дека позицијата на Италија е дека Западниот Балкан е дел од Европа и треба да биде дел од Европската унија.

– Повторувам дека процесот на проширувањето на Унијата е едно од главните политики и линии кои што ги држи Европската унија и се надевам дека во блиско време ќе може да се преговара за влезот на овие држави во ЕУ. Сакам да кажам дека процесот на проширување не е мртов и не треба да се разочаруваме и во најскоро време се надеваме дека ќе успееме да го предложиме во Европскиот совет, изјави Ромео.

Прочитајте и...  Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Посочи дека и италијанскиот премиер Џузепе Конте, веднаш по Европскиот совет, посочил дека поголемиот број на европски држави биле за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и со Албанија.

– Италија секако ќе се залага повторно да ја воведе темата за проширување на Европската унија во најкраток можен рок, по можност на претстојниот Совет за општи работи на Европскиот совет. Секако ќе работи исто така и на надминување на сите пречки кои што беа наведени од земјите што не се согласуваа со отпочнувањето на преговорите, секако за да се одблокира отпочнувањето на преговорите. Се надеваме дека Северна Македонија и Албанија ќе продолжат да работат на реформите на државите затоа што реформите се многу битен пат за отпочнување на преговорите, изјави Ромео.

Прочитајте и...  Филипче: Тестирано семејството на починатиот од Ковид-19 од Чаир

Прочитај повеќе

И Забрчанец во самоизолација поради контактот со Зекири

Слободен печат

„Не ви е тоа милениче“: Посвоиле дете со аутизам, го користеле за прослави и сликање, па го вратиле (ВИДЕО)

Слободен печат

Поради нередите во САД, Трамп ќе ја прогласи левичарската група Антифа за терористичка

Слободен печат

Портпаролот на Путин ја опиша борбата со коронавирусот: Не можеш да разликуваш јагоди од пилешко

Слободен печат

Шведска првпат од 13. март без смртни случаи

Слободен печат

БиХ: Премиерот и другите осомничени во аферата со респираторите пуштени на слобода

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Италија во последните 24 часа починаа 75 лица

Слободен печат

Филипче: Тестирано семејството на починатиот од Ковид-19 од Чаир

Слободен печат

Рударски гигант со експлозив уништи 46.000 години стари пештери на Абориџините

Слободен печат

Братот на Џорџ Флојд раскажа како течел разговорот со Трамп: Не ми даде можност ниту да зборувам (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонскиот полициски синдикат бара да престанат политичките борби во МВР

Слободен печат

Новинари на Ројтерс погодени со гумени куршуми на протестите во Минеаполис: Го снимив со камера како ја впери пушката кон мене (ВИДЕО)

Слободен печат