Ројтерс: Белата куќа ќе разговара за воведување на задолжителна вакцинација против корона

фото Архива

Копнената граница на САД со Канада и Мексико останува затворена за патување, соопшти денеска Министерството за домашна безбедност.

Одлуката за едномесечното продолжување доаѓа откако Канада во понеделникот објави дека ќе им овозможи на Американците целосно вакцинирани против ковид-19 да влезат во земјата од 9 август.

Во последните 16 месеци беше забрането влегување во САД по копно од Канада, доколку не е потребно патување, што беше критикувано од претприемачите за штетата што им ја нанесува одлуката. САД сепак им дозволија на Канаѓаните да летаат, но Канада не им дозволи на Американците да го сторат истото.

Белата куќа ќе разговара за воведување на обврска за вакцинација

Белата куќа планира нова рунда состаноци на високо ниво за да разговара за ограничувањата на патувањето и потенцијалното воведување на обврска за вакцинација против ковид-19, но сè уште не е решено, велат извори на Ројтерс.

Белата куќа формираше работни групи со ЕУ, Велика Британија, Канада и Мексико на почетокот на јуни за да најдат модели за укинување на ограничувањата.

САД ги обновуваат ограничувањата за Канаѓаните и Мексиканците секој месец од март 2020 година.

Авиокомпаниите и другите бараат од администрацијата на Бајден да ги укине ограничувањата за патниците кои не се од САД, од Велика Британија, Шенген зоната во Европа, Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот