Рохани ќе ги казнува сите одговорни за соборувањето на украинскиот патнички авион

фото: EPA/ROLAND SCHLAGER AUSTRIA OUT

Во меѓувреме, портпаролот на иранската правда Голамхосеин Есмаил изјави дека „некои лица” биле уапсени за нивната улога во соборувањето на авионот, без да прецизира детали.

Иран ќе ги казни сите што се одговорни за ненамерното соборување на украинскиот патнички авион, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани, додавајќи дека ќе биде спроведена темелна истрага за „трагичниот настан”.

Во меѓувреме, портпаролот на иранската правда Голамхосеин Есмаил изјави дека „некои лица” биле уапсени за нивната улога во соборувањето на авионот, без да прецизира детали.

Рохани го оквалификува соборувањето на авионот како „непростлива грешка”, оценувајќи дека само едно лице не може да биде одговорно за несреќата.

– Признавањето на грешката на иранските вооружени сили е добар прв чекор. Треба да ги увериме луѓето дека тоа нема да се случи повторно – рече Рохани.

Тој додаде дека неговата влада има одговорност кон Иранците и другите нации, чии граѓани загинаа во падот на авионот.

Авионот Боинг 737 на украинската компанија Интернешнл ерлајнс беше соборен непосредно по неговото полетување од аеродромот во Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот