Рохани: Иран бил и ќе биде чувар на безбедноста на Персискиот Залив

фото: EPA/ROLAND SCHLAGER AUSTRIA OUT

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, по повод заплената на британскиот танкер од страна на иранската револуционерна гарда истакна дека Иран бил и ќе биде чувар на безбедноста на Персискиот Залив.

– Иран бил и ќе биде чувар на безбедноста и слободната пловидба во Персискиот Залив, Ормутската Теснина и во Оманското Море – порача претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Велика Британија соопшти дека сака да оформи мисија под европско водство за надзор и заштита на бродовите во тоа подрачје.

– Иран не сака ескалација на актуелните тензии во регионот и со другите земји и никогаш нема да почне војна или некаков конфликт – рекол Рохани, пренесе италијанската агенција АНСА.

Рохани повика на дијалог и на регионална соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот