Роби Вилијамс откри дека Камерон Дијаз е заслужна што се оженил: Не би рекла дека за вас дефинитивно е крај

Пејачот Роби Вилијамс конечно прозборе за својот приватен живот и откри како Камерон Дијаз е заслужна за спас на неговата врска.

Во поткастот „Да се остане дома со Вилијамс“, пејачот откри дека тој и неговата сопруга Ајда Филд имаат голема причина да ѝ бидат благодарни на глумицата Камерон Дијаз, која придонела за нивното смирување, после три раскинувања.

Instagram

46-годишниот пејач откри дека пред да се ожени со Ајда, го посетил Лос Анџелес и тоа баш за време на нивното трето раскинување.

– Тоа беше во моментот кога раскинавме. Зборував со многу луѓе, меѓу другите и со Дру Баримор и Камерон Дијаз. Тогаш одеднаш сфатив дека зборувам дека Ајда е фантастична, преубава, паметна и забавна. Камерон ми рече: „Не би рекла дека за вас дефинитивно е крај“. И тоа беше моментот кога вселената ми рече: „Трчај дома, ожени се со неа“ – објасни Вилијамс.

Роби и Ајда се венчаа во 2010 година и имаат четири деца – Теодора, Чарлтон, Колет и Беа.

Instagram

Вчера Роби и Ајда прославија 10 години од нивната врска.

Камерон Дијаз откри зошто се откажа од глумата: Сега има поинтересна занимација (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот