РК Вардар доби засилување од Партизан, Петриќ потпишал двегодишен договор

фото: rkpartizan.rs

Taлентираниот лев бек, Стефан Петриќ е нов ракометар на Вардар, објави српски „Моцарт Спорт“.

Вардар зад себе има лоша сезона во која заврши на третото место во македонското првенство, па сега започнува реконструкцијатан а тимот. Српскиот ракометар со црвено-црните потпишал договор на две години, а пристигнува од редовите на Партизан.

Петриќ во Вардар пристигнува како слободен ракомтар откако му истече договорот со српскиот клуб. Во редовите на скопските „црвено-црни“ настапува десното крило Дарко Ѓукиќ, а договор потпиша левото крило на Металопластика, Марко Срдановиќ.

Интересно е што таткото на Стефан, Владимир Петриќ кој беше и репрезентативец на Југославија кариерата во 2015 година ја заврши токму во Вардар во кој помина четири сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот